32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

По победата над Валјадолид, Меси замина на една страна, сите останати фудбалери на друга

Барселона конечно одигра во својот препознатлив стил и без многу мака со 3:0 славеше на гостувањето кај Валјадолид, во меч од шпанското првенство. Лионел Меси одигра на своето ниво и со гол и асистенција беше вистински предводник на Каталонците.

Голот што го даде капитенот на Барселона, беше историски. Меси по 644 пат погоди во дресот на Барселона и со тоа го сруши светскиот рекорд кој со децении беше во сопственост на легендарниот Пеле.

„Кога ја започнав кариерата никогаш не мислев дека ќе можам да срушам каков било рекорд. Сега успеав да го надминам Пеле. Можам само да им се заблагодарам на сите кои во текот на сите овие години ми помагаа. Им благодарам на моите соиграчи, на мојата фамилија, на моите пријатели и на сите навивачи“, порача Меси по постигнувањето на светскиот рекорд.

По завршувањето на мечот во Валјадолид, изненадувачки беше тоа што Меси ја напушти екипата и со приватен авион си замина сам. Следниот меч Барселона ќе го игра на 29 декември, па се претпоставува дека Меси замина во родната Аргентина, каде најверојатно ќе ги помине Божиќните празници, а потоа повторно ќе се врати навреме во Барселона за да биде подготвен за следниот дуел против Еибар на „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести