По победата од 6:0 над Лацио, Инѕаги откри која е тајната за добрата игра на Интер

Интер стигна до историска победа на гостувањето во Рим против Лацио, откако на „Олимпико“ победи со 6:0 во меч на кој прв пат дури шест различни фудбалери на Нераѕурите се запишаа во листата на стрелците. Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, кој во кариерата беше и играч, но и предводник од клупата на Лацио, едноставно немаше милост кон својот некогашен тим.

„Многу сум горд што сум тренер на овие играчи. Ова е важна победа против екипа која е во добра форма. Во првите 20 минути го издржавме притисокот, а потоа го зголемивме темпото. По третиот гол што го дадовме, сè беше многу полесно. Овие момци во последните три и пол години даваат многу напор и горд сум што јас ги тренирам“, задоволно коментираше Инѕаги.

Интер сега има 34 бода од 15 меча и заостанува само три бода зад лидерот Аталанта, која има 37 бода, но од 16 средби. Тоа значи дека Нераѕурите со евентуална победа во прекинатиот дуел против Фиорентина има шанса да се искачи на лидерската позиција.

- Оглас -

Најнови вести