34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Реприза по половина век – Англискиот гигант тргна дома со хет-трик без победа

Манчестер јунајтед не успеа да го победи и Челзи, вчера на „Олд Трафорд“ и го има најлошиот старт на сезона без победа на домашен терен во првите три меча по цели 48 години.

Црвените ѓаволи ги загубија дуелите со Кристал Палас со 1:3 и против Тотенхем со 1:6, вчера и Челзи не потклекна на легендарниот стадион во Манчестер, што е старт без домашна победа на првите три меча и реприза од пред речиси половина век.

Сепак Оле Гунар Солскјер и фудбалерите, но и навивачите се надеваат дека ќе нема комплетна реприза од сезоната 1972/73 бидејќи тогаш Манчестер јунајтед ја почна авантурата во англиското првенство без домашна победа на петте стартни дуели, а вкупно серијата траеше 9 натпревари, се до триумфот против Дерби Каунти на „Олд Трафорд“ со 3:0.

Тогаш најтрофејниот англиски клуб со 20 шампионски круни ја заврши сезоната на 18 место во конкуренција на 20 екипи, но се спаси од испаѓање. Веќе следната сезона на гигантот му се случи црното сценарио и испадна од Првата лига, за првпат по 1938 година.

По ремито со Челзи без голови, моментно Црвените ѓаволи се на 15. место со 7 бода во конкуренција на 20 екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести