33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

По поразот на Отвореното првенство на САД, се огласи Ѓоковиќ со реакција

Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ имаа неуспешен настап во мешани двојки, откако загубија уште на стартот на Отвореното првенство на САД. Српската двојка беше елиминирана од Данил Медведев и Мира Андреева со 2:0 во сетови.

Можеби се очекуваше Ѓоковиќ и Даниловиќ да поминат понатаму, но рускиот микс се покажа дека подобро одигра на теренот во Њујорк.

По поразот, Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи.

„Секогаш ми е забавно да играм со Олга заедно. Благодарам на Отвореното првенство на САД за можноста да играме“, беше пораката од Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Србинот сега целосно ќе се фокусира на мечевите во сингл конкуренција. Ждрепката за последниот гранслем-турнир во сезоната е утре.

- Оглас -

Најнови вести