По поразот од анонимниот Кинез, О’Саливен ги шокираше своите фанови

Најдобриот снукер играч во историјата, Рони О’Саливен најави дека планира да се пресели од Велика Британија и тоа во Саудиска Арабија. О’Саливен синоќа испадна во полуфиналето на Светското првенство во Шефилд и тоа од анонимниот кинески играч Жао Џинтонг.

Кинезот победи со импресивни 17:7 и успеа да се пласира во своето прво финале на Светско првенство во кариерата, додека О’Саливен ја заврши сезоната. Ова беше не толку добра сезона за славниот снукер играч, кој изненади со изјавата дека планира да се пресели и тоа во Саудиска Арабија.

„Мислам дека оваа година ќе се преселам од Велика Британија. Ќе се преселам на Блискиот Исток и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата во следните шест месеци. Ќе започнам нов живот, не знам како ќе се развива“, рече О’Саливен.

Популарната Ракета не сакаше да открие дали ова за него значи и крај на кариерата, но секако една од опциите е да се фокусира само за настап на најголемите турнири.

„И понатаму ќе се обидам да играм снукер, но не знам што ќе биде со мене во иднина“, додаде О’Саливен.

 

- Оглас -

Најнови вести