36.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

По поразот од Челзи, Дембеле може да извиси и во трката за Златната топка

Поразот на Пари сен Жермен од Челзи во финалето на Светското клупско првенство може да има дополнително негативно влијание за еден од најдобрите фудбалери на Светците, Усман Дембеле. Францускиот репрезентативец е во трка за освојување на Златната топка, највредната индивидуална награда која се доделува секоја година.

„Франс фудбал“ на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка на најдобриот фудбалер во светот, а Дембеле беше главен фаворит да биде на тронот. Сепак, по поразот од Челзи, шансите на Дембеле дека ќе ја освои Златната топка полека се намалија.

Главен ривал на Дембеле за оваа најпрестижна награда е Јамин Ламал од Барселона. Тинејџерот кој викендов го прослави 18-тиот роденден со Барселона ги освои сите трофеи, освен тој во Лигата на шампионите.

Некои дури сметаат дека Дембеле паѓа во втор план зад Јамал, Рафиња и Педри.

 

- Оглас -

Најнови вести