Пари Сен Жермен имаше историска сезона откако ја освои првата титула европски првак, но разочарувањето стигна кога Светците беа декласирани со 3:0 во финалето на Светското клупско првенство. Токму по тој пораз од Челзи се најавува брза реакција од ПСЖ, кој ќе тргне во доведување на квалитетен играч.
Најавите се дека тренерот Луис Енрике го пикирал стоперот на Ливерпул Ибрахим Конате. За Конате се интересира и Реал Мадрид, па ќе биде интересно да се види дали ПСЖ може да биде интересен за овој играч.
Актуелниот договор на Конате со Ливерпул истекува во јуни 2026 година, па Ливерпул ако не го продаде летово, а не му го продолжи договорот, ќе ризикува следното лето да го загуби без пари.