Кошаркарската репрезентација на Јужен Судан ги освои симпатиите на неутралните фанови на олимпискиот турнир во Париз, но сепак не успеаа да се пласираат во четвртфиналето. По победата над Порторико од 11 разлика, потоа очекувано загубија од САД, а во решавачкиот меч не успеаа да ја изненадат Србија, па завршија како најслабопласирана трета селекција во трите групи и испаднаа.
По завршување на дуелот против Србија кој го загубија со 96:85, претседателот на кошаркарската федерација на Јужен Судан, Луол Денг изјави дека арбитрите намерно суделе во корист на Србија.
„Знам дека Србија е позната по кошарката, они се одлични толку години наназад. Сепак, начинот на кој играат нивните бекови агресивно. Во ред е судиите да познаваат дел од играчите и да им дозволуваат да го играат нивниот стил на игра, но тоа е во ред само ако и ние го добиеме истиот третман. Наместо тоа, на нас постојано ни свиреа фаули“, незадоволно коментира Денг,кој е некогашен НБА играч и двократен Ол-стар учесник.
Србија изведе дури 31 слободно фрлање на овој меч, а кошаркарите на Јужен Судан само шест пати застанаа на линијата за слободни фрлања. По мечот лут беше и селекторот на Јужен Судан, Ројал Ајви.
„Каква лакрдија, каква лакрдија. Моите момци ги дадоа срцето и душата на теренот, а таму имаше лакрдија. Тоа е се што имам да кажам“, незадоволно коментираше селекторот Ајви.