Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал во дуелот на двајцата најтрофејни тенисери во историјата, според бројот на освоени Гренд слем трофеи. Дуелот се играше во Ријад, во рамките на егзибицискиот тунрир организиран од Саудиска Арабија. Ѓоковиќ победи, а по средбата имаше емотивен говор посветен на Надал.
„Не знам од каде да почнам, ќе се вратам на првиот меч во 2005 година, мислам дека беше тогаш. Кој би помислил дека речиси 20 години подоцна со 60 натпревари на најголемата сцена во овој спорт. Имам најголема можна почит, ти си неверојатен спортист, неверојатен човек. Ривалството беше навистина интензивно, се надевам дека ќе седнеме на плажа, ќе се напиеме и ќе разговараме за нешто друго. Би сакал да му честитам на вашиот тим, семејството за кариерата што ја имавте. Тоа е и ваш успех. Знам колку жртви треба да направи едно семејство во кариерата на професионален тенисер, вие го заслужувате ова исто како и тој. Честитки за неверојатната кариера.
Тешко е, можам да зборувам цела ноќ. Не сакам да зборувам, тој треба да зборува за мене. Беше чест, беше неверојатно задоволство да го споделам теренот со вас. Ова е емотивен момент, одигравме толку многу натпревари низ годините и не оставајте го тенисот, останете уште малку. Останете со нас. Ќе завршам со уште една, не само од мене, туку и од тенискиот свет. Ти остави нешто во овој тенис, ти благодарам“, рече Ѓоковиќ.