По повредата на Куртоа, нов проблем за Реал Мадрид

Реал Мадрид денеска соопшти дека новиот прв голман Тибо Куртоа се повреди. Проценките се дека Куртоа ќе паузира во следните девет месеци затоа што ги скина вкрстените лигаменти на коленото. Тоа значи дека Кралскиот клуб до крајот на овој преоден рок ќе мора да најде негова замена.

Повредата на Куртоа не е единствената лоша информација за Реал Мадрид денеска. Младиот турски интернационалец Арда Ѓулер, кој летово дојде во шпанскиот гигант, ќе мора да оди на операција.

Ѓулер се повреди на еден од тренинзите, а во Реал се надеваа дека санацијата ќе биде без операција, но, за жал, тоа не се случи. Турчинот има повреда на коленото и ќе оди на операција, која ќе го одалечи од теренот најмалку во следните два месеца.

Младиот 18-годишен фудбалер дојде на „Сантијаго Бернабеу“ од редовите на Фенербахче, и тоа за трансфер вреден 15 милиони евра. На малкуте тренинзи на кои беше дел со новите соиграчи од Реал, Ѓулер покажа дека е голем талент, но ќе мора да почека барем два месеца за тоа да го докаже и на теренот.

- Оглас -

Најнови вести