По притисокот Де Хеа да биде резерва на последните два меча, Сколс со сурова реакција

Давид де Хеа да остане на клупата за резерви на последните два меча на Манчестер јунајтед, е една од реакциите во Англија по киксот што шпанскиот голман го направи во полуфиналето до ФА купот. Некои најави се дека менаџерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер, ќе го стави де Хеа резерва, а на голот ќе го смести Серхио Ромеро, кој бранеше на сите мечеви од ФА купот, сè до полуфиналето, кога шанса доби Де Хеа.

Манчестер јунајтед во последните два меча има голем влог, а тоа е пласман во Лигата на шампионите. Утре на „Олд Трафорд“ ќе му биде домаќин на Вест хем, а потоа, во последното коло, во директен дуел ќе игра против Лестер на гости.

Пол Сколс, легендата на Манчестер, остро се спротистави на идејата Де Хеа да биде тргнат од стартниот тим на последните два меча велејќи дека токму голманот е најзаслужен за успехот на тимот до овој дел од сезоната затоа што без шпанскиот голман, Црвените ѓаволи немало да бидат ниту во првите 10 екипи на табелата.

„Точно е дека Де Хеа во последно време не брани на врвно ниво, но без него на голот, Манчестер јунајтед во претходните шест години немаше да биде ниту во Топ-10 на табелата. Сигурен сум дека навреме ќе се врати во форма“, рече Сколс.

Сезонава Де Хеа бранеше на 40 меча во сите натпреварувања за Манчестер јунајтед и досега прими 41 гол.

 

- Оглас -

Најнови вести