По разводот со Шакира, Пике доживеа нов шок, овојпат од Чави

Жарарт Пике е еден од најверните фудбалери во Барселона. Искусниот дефанзивец се подготвува за 15-тата сезона во тимот од „Камп ноу“, но многу веројатно е дека полека се подготвува заминување на Пике од главната сцена.

Во сите претходни сезони Пике бил прва опција во стоперскиот тандем на Барселона, што говори и фактот дека има над 600 одиграни натпревари за каталонскиот гигант. Сепак, според најавите, тренерот на Барселона, Чави Ернандес, му соопштил лоши вести на некогашниот негов соиграч, а тоа е дека Пике во новата сезона нема да биде прва опција во дефанзивниот ред. Најавите се дека Серхио Арухо и новото засилување Андреас Кристенсен треба да бидат главни во стоперскиот тандем, додека Пике ќе биде резерва.

Пике го поминува можеби најтешкиот период од животот откако по 12 години заедничко живеење, го напушти сопругата Шакира, а има и истрага околу работењето на неговата фирма.

- Оглас -

Најнови вести