По Реал и Барселона, и Бетис ќе го реновира култниот стадион (Видео)

По Реал Мадрид и Барселона, кои веќе ја започнаа реконструкцијата на култните „Сантијаго Бернабеу“ и „Камп nоу“, уште еден тим ќе добие нов дом, тоа е Бетис.

Новиот „Бенито Виљамарин“, на кој ќе игра Бетис, го дизајнираше познатиот шпански архитект Рафаел де ла Хоз и треба да има 60.379 седишта.

https://twitter.com/PGonzalezMedina/status/1692194710708736384?s=20

Според предвидениот план на Де ла Хоз, целосно ќе се сруши западната трибина од актуелниот „Бенито Виљамарин“ и ќе се изгради целосно нова, а останатите три трибини ќе се реновираат.

 

- Оглас -

Најнови вести