По Салах, место во полуфинале си обезбеди и Садио Мане со Сенегал

Репрезентацијата на Сенегал е последниот патник во полуфиналето на Африканскиот куп на нациите откако вечерва со 3:1 славеше над Екваторијална Гвинеја. Сенегал ја имаше фаворитската улога и заслужено си обезбеди место во полуфиналето, и тоа на мегдан против Буркина Фасо. Во второто полуфинале ќе играат Египет и домаќинот Камерун. Египет предводен од Мохамед Салах денеска го елиминира Мароко.

Сенегал со гол во 36-тата минута поведе со 1:0 на полувреме. На почетокот на вториот дел, Екваторијална Гвинеја тргна да израмни. Најпрво судијата досуди пенал за нив во 50-тата минута, но по консултација со ВАР системот, пеналот беше поништен. Сепак, во 57-мата минута, Екваторијална Гвинеја израмни на 1:1 со голот на Бујла.

Сепак, едвај 10 минути беше нерешено затоа што Сенегал повторно погоди за 2:1 преку Кујате, а потоа Сар со голот во 79-тата минута само потврди дека Сенегал ќе игра во полуфиналето. Иако првата ѕвезда на Сенегал, Садио Мане, не беше директно инволвиран во постигнување на погодоците, сепак, тој беше еден од клучните играчи на теренот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести