Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа два слаби натпревари и тоа беше доволно за да се зголемат тензиите на релација претседател Флорентино Перес и тренер Карло Анчелоти и иднината на Италијанецот на „Сантијаго Бернабеу“ веќе не толку сигурна.
Шпанските медиуми пишуваат претседателот Перес полудел по ремито на Кралевите со Атлетико Мадрид што се играше минатиот викенд, посебно што имаа играч повеќе во второто полувреме. Тој имал бурна конверзација со Анчелоти кого го обвинил дека не игра со најсилниот состав кога е најпотребно.
Потоа следеше поразот од Барселона во полуфиналето од шпанскиот Кралски Куп во кој Кралевите не упатија ниту еден удар во рамките на голот на Марк-Андре тер Штеген.
„Ас“ пишува дека Анчелоти полека ја губи довербата и во соблекувалната, односно добар дел од играчите сметаат дека тој не ризикува и нема резервен план кога не и оди на екипата.
Поради тоа, „Ас“ пишува дека ако Анчелоти не освои ниту еден трофеј, тогаш сигурно ќе добие отказ на крај од сезоната, а Перес ја подготвил и листата на наследници и на неа има три имиња. Тоа се Томас Тухел, Маурисио Покетино и миленикот на навивачите, Раул Гонзалес.
Тухел и Покетино се без ангажман откако добија отказ од Челси, односно ПСЖ, додека Раул е тренер на вториот тим на Реал Мадрид.