Само по еден меч за Интер и неверојатни 13 позајмици се скраси рекордерот во Италија

Самуеле Лонго конечно ја прекина рекордната низа од неверојатни 13 клуба за кои настапуваше како позајмен играч од Интер и потпиша тригодишен договор со Виченца.

Некогашниот член на Серија А, Виченца, која сега е второлигаш, ја прекина низата позајмици на Лонго, па во договор со Интер заврши неверојатната серија на 28-годишниот напаѓач, кој формално беше член на Нераѕурите од 2011 година, а одигра само еден меч за нив.

Во меѓувреме постојано беше позајмуван, а играше за клубови од две земји, Италија и Шпанија. Во серијалот позајмици се и познати клубови од калибарот на Еспањол, Рајо Валјекано, Депортиво Ла Коруња, Жирона, Уеска и Тенерифе од Шпанија, како и италијанските клубови Џенова, Калјари, Верона, Пјаченца, Фрозиноне, Кремонезе и Венеција.

И што е најинтересно, преселбите беа чести, а Лонго играше најмногу една сезона за сите 13 клуба во кои беше позајмуван од Интер.

Некогашниот голем талент на италијанскиот фудбал има 19 настапи за младата репрезентација на Аѕурите за играчи до 21 година, но честите преселби од клуб во клуб беа главната причина што нема одиграно ниту еден меч за сениорите.

За Виченца потпиша договор со важност до јуни 2023 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести