После пауза од седум месеци, Лорис Кариус, конечно успеа да пронајде нов клуб. Германецот се враќа во татковината и ќе застане на голот на второлигашот Шалке. 31-годишниот голман последниот ангажман го имаше во Њукасл, каде не му беше продолжен договорот минатото лето, а од тогаш беше без клуб.
Кариус ќе остане запаметен по финалето во Лигата на шампионите во 2018 година, кога му подари два гола на Реал Мадрид, па го доби епитетот за еден од најголемите киксери кои се појавиле во фудбалот.
Германецот во својата кариера го чуваше голот на Мајнц, Ливерпул, Бешикташ, Унион Берлин и Њукасл.