Дефанзивецот на Барселона, Жарарт Пике, откри дека тој и соиграчите се согласиле да им ги одложат платите со цел клубот да има доволно средства за да го врати Нејмар на „Камп ноу“.
Изминатото лето ќе се памети по неостварениот камбек на Бразилецот во редовите на шпанскиот првак, иако се вршеше притисок од сите страни. ПСЖ за него плати рекордни 222 милиони евра пред две години, па сакаа да си ги повратат средствата, но Каталонците се расфрлаа со пари за Гриезман и Де Јонг, по што касата им остана речиси празна.
Затоа Пике му го понудил ова решение на раковдството, на играчите кои имаат највисоки примања да им бидат одложени годишните плати.
„Во текот на летото му предложивме на Бартомеу да направи план кој би подразбирал промена во нашите договори околу начинот на плаќање со цел клубот да се прилагоди на ФФП (финансискиот фер-плеј). Нашите примања да ни бидат исплатени една година подоцна. Толку многу посакувавме Нејмар да се врати, што бевме подготвени на сè“, истана Пике.
Самиот Нејмар се обиде да се ослободи од „затворот“, меѓутоа решение за враќање во Каталонија не се најде, па Бразилецот сега повторно блеска за Светците. Сепак, и покрај енормната заработка во Париз, тој сонува да се врати во клубот каде што ги пружи најдобрите партии.
„Го предупредивме што го чека во Париз, замина и сега е во златен кафез. Нашата врата секогаш ќе биде отворена за Нејмар“, додаде шпанскиот стопер.