По Сетјен, и Абидал доби шут-карта од Барселона

Барселона го разреши Ерик Абидал од функцијата спортски директор само еден ден откако клубот му даде отказ на Кике Сетјен. Абидал е новата жртва на реформите во таборот на каталонскиот гигант, кои од ден за ден се сè порадикални.

Aбидал во изминативе две години ја извршуваше функцијата на спортски директор без поголем успех и бројни лоши трансфери, како Филипе Кутињо, Усман Дембеле, па и тој плати дел од сметката по дебаклот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Следно што се очекува од Каталонците е официјализирањето на ангажманот на Роналд Куман на тренерската позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести