По шокантната елиминација на Баерн: Изразот на лицето на легендарниот Оливер Кан зборува повеќе од 1000 зборови (Фото)

Фрајбург испиша историја откако за првпат во клупската историја го победи Баерн во Минхен. За подвигот да биде поголем, Фрајбург до победа стигна со пресврт затоа што Баерн поведе со 1:0. До крајот на полувремето, Фрајбург израмни на 1:1, а во судиското надополнување беше досуден пенал за гостите, а Холер погоди за неочекувана победа од 2:1.

Во претходните 23 гостувања во Минхен против Баерн, Фрајбург досега имаше 20 порази и само три нерешени дуели, а сега првпат се радуваше, и тоа во четвртфиналето од Купот за елиминација на големиот фаворит.

По погодениот пенал на Фрајбург, легендарниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан, кој сега е и еден од челниците во клубот, остана во неверување, а изразот на неговото лице стана вирална фотографија.

- Оглас -

Најнови вести