По што Меси најмногу ќе го памети својот 700-ти меч во дресот на Барселона?

Еден гол, две асистенции – Сценаристот Лео Меси креираше уште еден фудбалски блокбастер. Капитенот на шпанскиот првак вечерва го одигра 700-от натпревар во сино-црвениот дрес, на „Камп ноу“ со конечни 3-1 ја прегази Борусија Дортмунд и ја трасираше Барселона кон нокаут фазата во Лигата на шампионите.

На најдобар можен начин Аргентинецот си го прослави јубилејот, воедно оствари, или се доближи до уште неколку рекорди кои се испишани во историските книги на најелитното европско натпреварување.

Веселата математика за Меси почнува од таму што го надмина Рајан Гигс на вечната листа асистенти во Лигата на шампионите. Легендарниот Велшанец има 31 асистенција, Меси сега има две повеќе од него. Пред Меси на оваа листа е само Кристијано Роналдо со 40 асистенции.

Воедно Меси успеа да погоди во јубилениот 700-ти меч, а во претходните јубилеи (100, 200, 300, 400, 500, и 600-ти натпревар) не успеал да затресе мрежа.

Борусија Дортмунд е вкупно 34-ти тим против кого Меси постигнал барем еден гол во континенталниот шампионат, а не успеал да реализира само против пет други екипи, тоа се: Удинезе, Интер, Рубин Казан и Атлетико Мадрид. Така ги надмина Роналдо и Раул кои се радувал на погодок против 33 различки екипи во Лигата на шампионите.

Застрашувачки бројки, недостижни за многумина, а за него се чинат прелесни.

 

- Оглас -

Најнови вести