Славиот турски готвач Нусрет Гокче, познат како Салт Бае, доби забрана за присуство на финалето на најстарото фудбалско натпреварување во САД. Се работи за Куп на Отвореното првенство на САД, а организаторите јавно му порачаа на Салт Бае да не се обидува да дојде затоа што не е поканет.
Salt Bae is hereby banned from the 2023 @opencup Final
— U.S. Open Cup (@opencup) December 20, 2022
Оваа одлука на организаторот е по непримерното однесување на Салт Бае по завршувањето на финалето на Светското првенство во Катар. Славниот готвач успеа да влезе на теренот и да се вмеша меѓу аргентинските фудбалери додека славеа со трофејот. Салт Бае го влечеше Меси за да се фотографираат, го држеше и го бакнуваше највредниот пехар иако никако не смееше тој да заврши во неговите раце.