20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

По „случаен избор“ ја викнаа да шутира со врзани очи, ја лажеа дека погодила, следуваше убавиот шок (Видео)

Олимпијакос со голем пресврт во второто полувреме го победи Жалгирис со 92-85 во натпревар од Евролигата во кошарка откако по првото полувреме домашните водеа со 12 поени разлика.

Овој меч донесе и една сцена на која момче и девојка, навивачи на Жалгирис, секогаш ќе ја паметат.

Девојката по „случаен избор“ беше повикана да шутира слободно фрлање со врзани очи и дека ќе добие награда ако погоди. Кога ѝ ги врзаа очите, на терен дотрча нејзиното момче ,кое со веренички прстен клекна зад неа, а една чирлидерка држеше натпис со текст „Ќе се омажиш ли за мене?“

Девојката шутна, топката заврши далеку од кошот, но спикерот ја натера публиката да се радува и да вика гласно за девојката да мисли дека погодиле. Тогаш ѝ ги одврзаа очите и сфати дека е „наместена“, па од позитивен шок, падна на паркет. Не ја тргаше насмевката на лицето и, секако, кажа „да“.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести