По смртта на Папата се зголемија шансите Арсенал да стане европски првак

Смртта на Папата значеше и одложување на многу мечеви во италијанскиот фудбал, како во Серија А така и во пониските лиги. Освен во Италија, на фудбалски план со смртта на Папата актуелни се и во Аргентина, земјата од каде што потекнуваше Папата Франциск.

Клубот на Сан Лоренцо, кој гордо се фалеше дека Папата е нивен навивач, извади еден чуден податок и бројки кои тие ги толкуваат на нивен начин. Се верува дека бројот на членската карта на Папата во Сан Лоренцо всушност е предвидување за тоа кога ќе почине Франциск.

Со свое толкување се „јавија“ и од Англија. Едно толкување вели дека кога Папа ќе починел непосредно пред завршницата на Лигата на шампионите (Куп на европски шампиони), првакот секогаш бил клуб кој доаѓал од Англија.

Така било во 1979 година, кога починал Папата Иван Павле Први, а шампион станал Нотингам форест. Во 2005 година, кога починал Папата Иван Павле Втори, титулата во Лига на шампионите ја освоил Ливерпул, а кога почина Бенедикт 16-ти, првак на Европа стана Манчестер сити.

Сезонава во трка за европскиот трон од Англија остана само Арсенал, што значи дека Топчиите се единствени кои може да направат оваа интересна традиција да продолжи. Во полуфиналето на ЛШ, Арсенал ќе игра против Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести