Павел Недвед останува во центарот на вниманието поради неговото скандалозно однесување. Прво се појави видео на кое Недвед ужива во една забава со неколку девојки, а во еден момент некогашниот фудбалер, кој сега е потпретседател во Јувентус, започнува да „меси“ една од девојките.
Брзо се разјасни дека таа снимка е стара подолго време затоа што на неа е поранешната девојка на Недвед, Луција Ановчинова. Повеќе од една година Недвед е во врска со чешката пејачка Дара Ролинс, а само што сопреа реакциите за првата снимка, се појави ново скандалозно видео на кое се Недвед е снимен од зад грб, а тој едвај се движи и „се клати лево-десно“, при што се гледа колку е пијан.
„Сите имаме минато, а тоа на Павел е бурно кога се работи за приватниот план. Сите ние знаеме за вакви слични забави, но тажно е кога корист од тоа имаат таканаречени пријатели, кои во тие ситуации уживаат на туѓа сметка, а потоа вака ќе те злоупотребат. Во секој случај нашите односи не се сменети. Го сакам уште повеќе“, рече пејачката Дара, која е во врска со Недвед.