По средбата со Нејмар: Јамал играше фудбал во една од најопасните фавели во Бразил (Видео)

Sвездата на Барселона, Ламине Јамал, изминатите неколку дена престојува во Бразил, а по средбата со Нејмар, изненади многумина и заигра фудбал во една од најопасните фавели во Рие де Жанеиро.

Јамал се појави во Рочиња, фавела со голема стапка на криминал и едно од најопасните места во Бразил, играше фудбал со локалните дечиња, а тоа предизвика големо внимание кај локалните жители.

Шпанецот уште еднаш покажа дека не се плаши од улицата, со оглед на тоа дека и тој самиот потекнува од слично место во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести