По стапките на Норвич, Стршените експресно се вратија во Премиер лигата

Ватфорд со минималната победа од 1-0 над Милвол математички го обезбеди пласманот во Премиер лигата на две кола до крајот на сезоната во Чемпионшип.

Стршените како второпласирани со засега 88 бода, 10 повеќе од Брентфорд кој има и меч помалку, ќе му прават друштво на Норвич во ескпресниот камбек во англиската елита по испаѓањето во ланската сезона.

Целата работа ја заврши Исмаила Сар уште во 11-тата минута од мечот со реализираниот пенал, што беше доволно за тимот на Хиско да ја обезбеди 26-тата овосезонска победа.

За последното место во Премиер лигата ќе се борат Брентфорд, Борнмут како лански прволигаш, Барнсли и веројатно Свонси, доколку утре не загуби на гостувањето кај директниот ривал за шестото место, Ридинг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести