По стапките на сопругот: Шакира го „поздрави“ Реал Мадрид и откри кој е најдобриот дефанзивец во светот

Барселона ја прекина доминацијата на Реал од четири победи по ред во Ел Класико, и тоа на најдобар можен начин, со убедлив триумф на „Сантијаго Бернабеу“ од 4:0. По секоја победа на Барселона против Реал, еден од најгласните е Жарарт Пике. Дефанзивецот на Барселона не ретко знае да испрати провокации до најголемиот ривал, а синоќа за време на мечот, при резултат 4:0 за Барселона, Пике на теренот викаше „уште, уште, уште“.

Пике и Шакира се заедно веќе 12 години и имаат две деца, а популарната пејачка преку својот инстаграм-профил напиша „ Жарарт нема да ми дозовли ова јавно да го кажам, но само тој може да игра вака храбро, надминувајќи ја секоја победа и болка, давајќи сè од себе. Не затоа што ми е маж, но тој е најдобриот централен дефанзивец во светот. Ете го кажав!“, напиша Шакира, која се фотографираше покажувајќи го бројот 4 со раката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести