По стапките на Вилијан, Давид Луис се враќа во татковината

По долга потрага по нов клуб, Давид Луис одлучи да се врати во татковината и да потпише со Фламенго. На искусниот бразилски стопер летово му истече соработката со Арсенал и одвои повеќе време за да пронајде вистински ангажман, за на крајот изборот да се падне на актуелниот шампион на Бразил.

Соработката ќе биде потпишана на една и пол година, односно Луис ќе биде член на Фламенго најмалку до декември 2022 година. На овој начин ги следи стапките на Вилијан, неговиот неодамнешен соиграч од Арсенал, а претходно и во Челзи, кој исто така се врати дома и ќе настапува за Коринтијанс.

Луис така ќе ја заврши 14-годишната авантура на Стариот континент, каде што покрај лондонските ривали играше уште за Бенфика и ПСЖ, освојувајќи вкупно 20 трофеи, меѓу кои се и титулата во ЛШ и две во ЛЕ како член на Сините.

- Оглас -

Најнови вести