Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, се чувствува добро по повредата која ја здоби на дуелот против Ливерпул. Бентанкур лошо падна и со главата удри во земјата, а потоа остана неподвижен.
Брзо реагираа соиграчите и лекарските екипи. Неколку минути му беше давана прва помош на Бентанкур на теренот, а потоа беше пренсен во болница. Сите беа загрижени околу ситуацијата на фудбалерот на Тотенхем.
„Сè што знам е дека беше свесен кога го напушти теренот и беше пренесен во болница за прегледи. Станува збор за повреда на главата, што предизвика загриженост кај играчите“, рече менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, по завршувањето на натпреварот.
Малку подоцна, на социјалите мрежи со фотографија се огласи и самиот Бентанкур.
„Сè е во ред, луѓе! Ви благодарам за пораките! Честитки за победата, момци“, беше пораката упатена од Уругваецот.
🚨| Rodrigo Bentancur on Instagram 🙌🤍 pic.twitter.com/GPpk9GC1EY
— The Spurs Express (@TheSpursExpress) January 9, 2025