По страшниот земјотрес во Загреб, навивачите на Динамо ги спасуваа бебињата од болниците (Фото)

Фудбал во Хрватска нема, но навивачите на Динамо се максимално ангажирани, покажувајќи голема свест и општествена одговорност. Во изминативе неколку дена, членовите на популарната навивачка група „Бед Блу Бојс“ помагаа во преселба на болниците за да се овозможи простор за новозаболените од Коронавирусот.

Денеска, повторно БББ се во акција, но овојпат по силниот земјотрес кој го потресе Загреб. Утрово во 6:23 часот, земјотрес со силина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ги разбуди жителите на главниот град на Хрватска. Од силината на земјотресот, има и неколку срушени објекти, а делови на повеќе згради се сериозно оштетени.

Една од најкритичните места е болницата во Петровата улица, а 100-тина навивачи на Динамо се најдоа први на помош во евакуацијата на трудните жени, неодамна породените и новородените бебиња.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести