Јутјуберот и боксер Џејк Пол планира да се врати на рингот во 2026 година и повторно да се натпреварува во тешка категоријата. На последното влегување во рингот, Пол претрпе тежок пораз од Ентони Џошуа.
Пол беше нокаутиран, а на крајот заработи и скршеница на вилицата. Тоа беше и прв пораз во бокс кариерата на Американецот.

Информацијата за враќање на Пол во рингот ја потврди Накиса Бидариан, коосновач на неговата промотивна компанија „Most Valuable Promotions“. Бидариан зборуваше за иднината на Пол за време на објавувањето на првиот настан организиран од MVP во Велика Британија, каде што главните борби на вечерта ќе бидат Каролин Дубоа против Тери Харпер и Ели Скотни против Мајел Флорес.
Тој нагласи дека Пол останува клучна фигура во растот на компанијата и покрај поразот од поранешниот светски шампион во тешка категорија.

