19.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

По трите порази во низа, Ван Дајк е јасен: Потребно ни е заедништво како никогаш досега

Ливерпул дефинитивно е во резултатска криза. Актуелниот англиски првак има три порази по ред, а капитенот Вирџил ван Дајк вели дека ова е време кога сите во клубот треба да бидат сплотени.

Ливерпул вчера со гол во 90+6 минута загуби на „Стемфорд бриџ“ од Челзи, а претходно губеше и од Галатасарај (1:0) и од Кристал палас (2:1).

„Многу е тешко да се поднесе пораз посебно со гол во последните моменти. Мечот беше отворен, двата тима одеа на победа. Не е убаво чувството кога ќе се прими таков гол. За нас ова беа многу тешки седум-осум дена. Мора сплотени да поминеме низ ова, не само ние играчите, туку и сите од стручниот штаб, како и нашите навивачи. Фудбалот е таков и за само неколку денови работите може целосно да се променат“, рече Ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести