Барселона немаше милост против Олимпијакос и победи убедливо со 6:1 во меч од Лига на шампиони. Каталонскиот гигант постигна два гола во првото полувреме, а потоа имаше вистинско шоу во вториот дел, па на крајот Грците си заминаа со половина дузина голови во својата мрежа.
По мечот, тренерот на Барселона Ханси Флик беше презадоволен од победата, а германскиот стратег веќе започна да размислува за следниот дуел, а тоа е големото дерби против Реал Мадрид.
„Победата беше многу важно, но истотака е многу битно тоа што постигнавме шест голови. Оваа победа ни дава голема самодоверба пред мечот в сабота против Реал Мадрид. Дербито против Реал Мадрид е многу важен за нас, а ние сме подготвени“, самоуверено коментираше Флик по победата над Олимпиакос.

