По успешниот документарец за Џордан, се подготвува и за Коби

Документарната серија за легендарниот Мајкл Џордан и неговата кариера во Чикаго булс се покажа како полн погодок по премиерата од минатата недела. Токму затоа се појавија шпекулации дека ќе се снима документарец и за Коби Брајант, иконата на ЛА лејкерс која животот го загуби во хеликоптерската несреќа која се случи кон крајот на јануари.

Спортскиот коментатор на „И-Ес-Пи-Ен“, Џон Ајрленд, истакна дека филмска екипа ги следела Лејкерси и Коби Брајант во последните две години од кариерата, забележувајќи ги сите детали кои се случувале во огранизацијата.

Ќе биде убаво да се одбележат сите моменти на еден од најдобрите кошаркари во историјата, а ги има многу – пет прстени, МВП награда, 18 настапи на Олстар-викендите и безброј блескави моменти кои го карактеризираат Коби, односно Црната Мамба.

- Оглас -

Најнови вести