По вакви закани од навивачите, Херта сигурно ќе победи во следното коло (Видео)

Новата 2022 година не започна убаво за Херта Берлин. Тимот од главниот град на Германија претрпе три порази, а само еднаш одигра нерешено, па сега е само на три бода од зоната за испаѓање.

Последниот неуспех на Херта, односно високиот пораз со 1:4 на свој терен од шампионот Баерн Минхен, ја „прели чашата“ кај навивачите. На утринскиот тренинг на Херта се појавија и група навивачи кои упатија закани до фудбалерите.

„Ако не победите, готови сте! Ќе добиете само уште едно предупредување, но потоа да знаете дека може да биде многу полошо. Знаеме каде живеете“, биле само дел од заканите на лутите навивачи упатени кон фудбалерите на Херта, кои мирно стоеле и слушале.

Кратко потоа се појавила и полицијата, која не дозволила да има поголем инцидент.

„Навивачите ненадејно се појавија и испратија порака до играчите, а потоа си заминаа од тренингот“, потврдија од Херта.

Во следното коло Херта на свој терен го пречекува Бохум, ривал кој реално може да го победат.

 

- Оглас -

Најнови вести