По Винисиус и Родриго, на „Бернабеу“ доаѓа уште еден бразилски талент

Реиниер Жезус Карвалјо е новото бразилско чудо од дете кое ќе го облече кралскиот дрес. Реал Мадрид и јужноамериканскиот првак Фламенго се договорија околу услугите на талентираниот тинејџер, на сметка на Фламенго ќе легнат 35 милиони евра.

Реал ја доби трката за потписот на Реиниер, која се водеше со градскиот ривал Атлетико и Барселона. Кралевите решија да платат пет милиони евра повеќе од клаузулата на младиот бразилски офанзивец, како гаранција дека Рејниер ќе гради кариера на „Сантијаго Бернабеу“.

По Винисус јуниор и Родриго Гоес за кои Реал издвои вкупно 90 милиони евра (по 45 за двајцата), Реиниер ќе биде третиот бразилски талент кој доаѓа во шпанската престолнина. Останува уште двата клуба да се договорат дали Реиниер ќе остане во редовите на Фламенго до јули, или пак уште во зимскиот преоден рок ќе ја оствари преселбата.

- Оглас -

Најнови вести