По Влаховиќ, Јувентус обезбеди уште едно важно засилување!

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус е многу активен во последните неколку дена од преодниот рок. Старата дама неодамна го доведе Душан Влаховиќ од Фиорентина за трансфер вреден 75 милиони евра. Српскиот напаѓач треба да биде играчот кој ќе даде дополнителен квалитет во офанзивниот ред, во борбата на Јувентус да се врати на врвот во Серија А.

Освен Влаховиќ, дресот на Јувентус треба да го облече и Денис Закарија. Играчот од средниот ред доаѓа од Борусија Менхенгладбах, а потпиша договор до јуни 2026 година. Германскиот тим ќе заработи пет милиони евра од овој трансфер кој треба да се официјалнизира во следните неколку часа.

Закарија треба да биде замена за Бентекур кој си замина од Торино за да го облече дресот на Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести