Реал Мадрид повторно загуби од Барселона во финалето на Суперкупот, трет пат во последните четири години. Овојпат на дуелот во Џеда, каталонскиот гигант победи со 3:2. По финалето, тренерот на Реал, Чаби Алонсо ги кажа првите импресии.
„Поразот во финалето? Емоциите се измешани. Секако дека сум разочаран затоа што сакавме да го освоиме трофејот, но од друга страна горд сум на играчите кои се бореа до крајот. Мора да ѝ честитаме на Барселона. Натпреварот беше многу израмнет. На крајот од средбата имавме две големи шанси да израмниме. Мора што е можно побрзо да го заборавиме ова. Ова е најнебитното натпреварување сезонава. Кога го примивме третиот гол, бев 100 отсто сигурен дека може повторно да израмниме. Имавме шанси, но едноставно топката не сакаше да влезе во голот. Тимот покажа голема посветеност, но немавме среќа да стигнеме до изведување на пенали“, рече Алонсо по финалето кое се играше во Саудиска Арабија.

