Килијан Мбапе ги игра последните месеци во дресот на Пари Сен Жермен. Голгетерот јасно кажа дека нема намера да го продолжи договорот, без разлика колку и да е голема понудата.
„Очекувано“, беше кратката реакција на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келафи, кој сигурно ќе прави план за доведување на некоја нова голема ѕвезда во Париз.
Со заминувањето на Мбапе ќе се стави крај на ѕвездениот тим кој пред три сезони беше формиран и во кои играа Лионел Меси, Нејмар, Мбапе, Серхио Рамос… По заминувањето на Мбапе, во ПСЖ ќе се „ослободат“ многу пари кои беа трошени за плата и бонуси за голгетерот.
Светските медиуми веднаш започнаа шпекулации околу тоа кои фубалери може да бидат донесени на „Паркот на принцовите“. Во „Лекип“ најавуваат дека како замиена за Мбапе може да пристигнат Мохамед Салах од Ливерпул и Виктор Осимен од Наполи, а дресот на францускиот првак од следната сезона може да се очекува да го облечат и Бернардо Силва (Манчестер сити), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Бруго Гимараеш (Њукасл), Гави (Барселона)…
Сите овие фудбалери се докажани и ѕвезди во своите тимови, а на ПСЖ останува да биде многу активен и да се обиде да направи нов „дрим-тим“ кој конечно би ја исполнил мисијата, а тоа е освојување на трофејот во Лигата на шампиони.