По завршување на Светското првенство во Катар, продолжија клупските возбудувања, а Манчестер јунајтед и официјално продолжи без Кристијано Роналдо, кој доби отказ, а потоа замина да игра во Катар. Според многумина, заминувањето на Роналдо требаше да се случи и порано, а дека неговото отсуство од „Олд Трафорд“ има позитивен ефект, покажуваат резултатите.
По завршување на Мундијалот, Манчестер јунајтед одигра четири меча, од кои три во првенството и еден во Лига Купот и на сите се радуваше. Во Купот Манчестер со 2:0 го елиминираше Барнли, а потоа во Премиер лигата ги победуваше Нотингем Форест (3:0 дома), Вулверхемптон (1:0 на гости) и Борнмут (3:0 дома).
Тоа значи дека откако Роналдо не е во составот, Манчестер е со четири победи во низа и тоа без да прими ниту еден гол, а постигна девет погодоци.
Следен предизвик за Црвените ѓаволи ќе биде дуелот против Евертон вечерва на „Олд Трафорд“, во ФА Купот. Ова е меч до 32-финалето на најстарото натпреварување во светот.