18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

По завршување на баражите за СП, повторно враќање на Спортска прогноза

По еднонеделна пауза поради баражите за пласман на Светското првенство во Катар, од денеска продолжуваме со ново коло на Спортска прогноза. Клупските возбудувања продолжуваат, а најголемото дерби е во Серија А. Јувентус во Торино го пречекува Интер во Дербито на Италија. Јувентус има само еден бод помалку од Нераѕурите и со евентуален триумф, Старата дама и дефинитивно ќе се врати во трка за титулата.

Дерби има и во Шпанија. Барселона, која е во одлична форма, е домаќин на Севилја, а каталонскиот гигант со освојување на три бода ќе се израмни со андалузискиот тим на второто место на табелата во Примера дивисион.

Освен овие два меча во Торино и Барселона, во понудата има уште 11 дуели кои треба да се погодат за да се освои Среќна 13-ка, што е услов за освојување на главната премија, мобилен телефон „ајфон 12„.

Подароци има и за оние со 12 и 11 погодени фиксови, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари од Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести