По збогувањето на Пандев – Несторовски ќе се прости со уште еден капитен, Де Паул се сели во Атлетико Мадрид

Капитенот на Удинезе Родриго Де Паул ќе игра за Атлетико Мадрид од идната сезона, откако веќе е договорен трансфер и песгодишен договор.

Новиот првак на Шпанија ќе му плати отштета на Удинезе од околу 35 милиони евра за репрезентативецот на Аргентина. Тимот од Удине чиј член е и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе биде сериозно ослабен од идната сезона, бидејќи Де Паул беше лидерот на актуелната генерација на тимот.

Родриго моментно игра на Копа Америка за Аргентина, а ноќеска беше стрелец на првиот гол за Гаучосите во победата од 3:0 против Еквадор во четвртфиналето на турнирот.

Де Паул има 27 години и досзега настапуваше само за три клуба. Професионалната кариера ја почна во аргентински Расинг, каде во еден период тренер беше Диего Симеоне, па сега ќе соработуваат во Атлетико Мадрид.

Потоа играше и за Валенсија, па повторно за Расинг и за Удинезе. Договорот што треба да го потпише со Атлетико Мадрид ќе важи до 2026 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести