Со доаѓањето во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо стана достапен за многу фудбалери кои претходно можеле да го гледаат само на телевизија, а сега заедно со него го делат теренот. Еден од тие е и фудбалерот на ирачкиот Ал-Шорт, Ахмед Зеро, кој играше против Роналдо во Арапската Лига на шампиони.
По завршување на дуелот, Зеро побара од Роналдо да направат заедничка фотографија, а Португалецот со задоволство позираше. Сепак, тоа што не го знаеше Роналдо е дека таа фотографија ќе биде искористена за сеир на негова сметка.
Ахмед кој е релативно анонимен фудбалер, реши да ја стави фотографијата на својот Инстаграм профил и во описот напишал „Во вториот најдобар во историјата“.