Побавен „спринт“ не сте виделе, Сомалијка „трчаше“ 100 метри за 22 секунди! (Видео)

На Универзијадата во Кина, на женска трка во атлетика на 100 метри, една Сомалијка патеката ја истрча за дури 21,81 секунди и ги остави во шок сите кои ја гледаа како „џогира“. Очигледно е дека не ѝ беше местото таму и се посрамоти себеси и својата држава.

„Атлетичарката“ Насра Али Абукар го постави едно од најслабите времиња во историјата на официјалните трки на 100 метри.

Во Сомалија се бара оставка од Министерот за млади и спорт поради испраќање на нетренирана девојка да ја претставува земјата на Универзијада. Се шпекулира дека Насра е внука на потпретседателката на атлетската федерација на Сомалија и дека во репрезентацијата се нашла од политички причини.

- Оглас -

Најнови вести