23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Победа дома е речиси гаранција за пласман понатаму

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва го одигра својот 74-ти меч во европските купови, дојде до 18-тата победа и има право да се надева дека ќе ја елиминира Лозана.

Црвено-црните само двапати во историјата, и тоа во далечната 1961/62 против Данфермлајн од Шкотска и против Копенхаген во 2016/2017 биле елиминирани, а победиле во Скопје.

Против Шкотите, во Скопје било 2-0 за Вардар, но во Шкотска резултатот бил 0-5, па Вардар испадна во Купот на победниците на куповите. Против Копенхаген во квалификациите за Лигата на шампионите во Скопје беше 1-0, но таму 1-4 за Данците.

Во сите други случаи кога Вардар славел како домаќин, одел понатаму. Се надеваме дека традицијата ќе продолжи и против Лозана.

- Оглас -

Најнови вести