19.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Победа или реми во Белгија би бил огромен чекор, но не и сигурен пласман на СП

Доколку вечерва во Гент, македонската фудбалска репрезентација приреди сензација и ја победи Белгија, тоа би бил огромен чекор кон прв историски настап на Мундијалите и би биле блиску до настап на СП како никогаш претходно.

И со реми, што истотака би било добар резултат за нас, Македонија би останала прва на табелата, но нема веќе да зависиме само од себе, ќе чекаме кикс на Белгија кoја има меч и само еден бод помалку, додека пораз најверојатно ќе значи збогување со шансите за прво место во групата кое носи директен пласман и ќе треба со Велс да се бориме за бараж.

Ако Македонија ја победи Белгија, а потоа за три дена и Казахстан во Скопје, ќе бидеме на чекор од СП, но ќе ни треба и помош од Белгија која в понеделник гостува кај Велс.

Ако Велс не ја победи Белгија, тогаш Македонија со евентуални шест бода од овие октомвриски мечеви, ќе обезбеди пласман на СП. Секоја друга комбинација ќе значи дека гостувањето во Велс во ноември ќе одреди дали ќе бидеме први, втори или трети.

- Оглас -

Најнови вести