Доминацијата на фудбалските мечеви во Супер типот се „нарушува“ со хокејот и кошарката, што секако е добро затоа што има понуда за сечиј вкус. На Светското првенство во хокеј, Канада е фаворит за победа над Финска, а во време на Мундијалот се играат и дуелите од НХЛ, каде Едмонтон треба да го искористи домашниот терен за победа над Ванкувер.
Далас маверикс ќе ја има првата меч топка за пласман во конференциското финале и тоа на свој терен против Оклахома. Иако Оклахома беше голем фаворит пред почетокот на оваа серија, Далас води со 3:2 и сега има супер квота за да слави пласман во финалето на Западот.
Од фудбалите, тука се зголемените коефициенти за победи на фаворизираните Глазгов Ренџерс, Баерн Минхен, Бешикташ, Аталанта, Боависта…