Победа на Интер е тип кој денеска ќе го има речиси на сите тикети

6010 Интер – Викторија П’лзењ (18.45 часот)
Интер има прекрасна шанса со победа над аутсајдерот Викторија да си обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ. Вистинско чудо ќе биде ако Нераѕурите не го победат тимот кој во четирите кола прими 16 гола. Интер во септември победи на гостувањето во Чешка со 2-0 и не би требало да има проблем, иако Интер во минатото знаел да ги шокира своите навивачи кога имал ваква прилика за пласман во следна фаза. Поддршката од навивачите на Барселона сепак не би требало да биде доволна Викторија да остане непоразена на „Џузепе Меаца“.
Предлог тип: 1&2-4 (1.85)
6014 Ајакс – Ливерпул (21.00 часот)
Нерешен резултат им одговара на двата тима. Ливерпул со реми обезбедува осминафинале, а Ајакс продолжување на европските настапи во Лигата на Европа. Црвените дома ги победија Копјаниците со 2-1. Последните три меча на Ливерпул во Премиер лигата беа со 0-1 гол, викендов беа изненадени од Нотингам, а на последните пет меча на Ајакс во сите натпреварувања имаше 5 или повеќе голови. Уште од 10 септември не се случило на меч на Ајакс да не падне гол на двете страни, значи ГГ е речиси загарантирано.
Предлог тип:Х2&3+ (2.04)

6013 Атлетико – Баер Леверкузен (21.00 часот)
Фармацевтите во првите четири кола најдоа лек за противникот само кога играа со Атлетико. Сега Јорганџиите се на потег да се реваншираат и да си ги задржат шансите за место во осминафиналето. Атлетико е трети и има два бода помалку од Порто, па на шпанскиот тим му одговара само победа. Атлетико нема пораз од 4 октомври наваму, а Баер нема победа од 8 октомври наваму.
Предлог тип: 1 (1.75)

6012 Ајнтрахт – Марсеј (21.00 часот)
Ова е меч помеѓу две солидни, но непредвидливи екипи од најинтересната група во која сите четири тима имаат шанса да одат во осминафиналето, а и сите четири може да испаднат. Французите тргнаа со два порази, од кои едниот дома од Ајнтрахт со 0-1, а потоа врзаа две победи по ред, па имаат два бода плус во однос на ланскиот освојувач на Лигата Европа. Марсеј еднаш гостувал во Франкфурт и бил поразен со 0-4.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

6016 Тотенхем – Спортинг (21.00 часот)
Тотенхем со победа може да си обезбеди осминафинале и тоа е мотив кој би требало да биде доволен за Петлите да одиграат добро и да триумфираат. Спортинг го победи Тотенхем со 2-0 во Лисабон, но потоа Португалците имаа два порази по ред, па сега во Лондон доаѓаат како аутсајдери. Тотенхем ги загуби последните два меча во Премиер лигата, ова им е шанса за рехабилитација. Спортинг не одиграл нерешено уште од 7 август.
Предлог тип: 1& T12+ (1.85)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести