Македонија – Ерменија (15ч)
Ерменија е познат противник на македонската фудбалска репрезентација од минатото издание на ЛН, но и од поранешните квалификации за Светско и Европско. Пораз на домашен терен Македонија не памети од 1995 година против оваа селекција, додека во два наврати Рисовите се радувале на триумф од 3-0 и 2-0, а меѓу нив има и едно реми.
Фактот што составот на Игор Ангеловски ја има фаворитската улога е доволен за Македонија да тргне со позитивен резултат и да ги оправда очекувањата и да се најави ново успешно издание на меѓународната сцена. Воедно, Рисовите целат на одмазда ако се знае дека Ерменија во последниот меѓусебен дуел славеше со убедливи 4-0.
Предлог тип: 1 (1.75)
Исланд – Англија (18ч)
Исланѓаните уште ја паметат историјската победа над Англија во осминафиналето од ЕП 2016, што беше единствен дуел на овие две репрезентации од натпреварувачки карактер. Во 2004 година се сретнаа во контролен натпревар кој го доби Англија со 6-1, па затоа може да се каже дека вечерва се среќаваат два непознати противници.
Исланд е без пораз во последните пет меча во кои запиша четири победи и едно реми, додека Англичаните нанижаа три триумфи со гол разлика 17-0 во евроквалификациите откако претрпе пораз од Чешка со 1-2. Квалитетот е неспорен кај подмладениот состав на Гордиот Албион, но ќе се види силата на непокорливите Исланѓани.
Предлог тип: Т2 2-3 гола (1.95)
Данска – Белгија (20:45ч)
Данците ќе треба да прикажат игра на врвно ниво ако сакаат да издвојат позитивен резултат против најдобро рангираната селекција на ФИФА листата. За првпат по 20 години пауза овие две селекции ќе ги одмерат силите, а смената на генерации ја прави Белгија фаворит во оваа средба. Во далечната 1971 година Белгија последен пат славеше на данско тло, време е да се запише сефте триумф во 21 век, ако се знае дека Белгијците беа перфектни во евроквалификациите и остварија максимални 10 победи со неверојатна гол-разлика 40:3.
Предлог тип: 2 (2.05)
Португалија – Хрватска (20:45ч)
Дербито на вечерта несомнено е дуелот меѓу актуелниот европски шампион против светскиот вицепрвак. Средбата во Порто може да биде осиромашена со отсуството на Кристијано Роналдо, на кого настапот му е неизвесен поради инфекција на десната нога.
Но и без капитенот, Португалија ќе цели на позитивен исход и да се надоврзе на последната победа во меѓусебните дуели, која Роналдо ја донесе во 2013 година во контролниот натпревар. Поразот од Украина во европските квалификации е единствена дамка кај составот на Фернандо Сантос од сите дуели во 2019 година.
Коцкастите пак точно една година не знаат за пораз, учинок кој селекторот Златко Далиќ ќе сака да го одржи и на стартот од новото издание во Лигата на нациите.
Предлог тип: ГГ3+ (2.50)
Шведска – Франција (20:45ч)
Во последните квалификации за Мундијалот, кој Франција подоцна го освои, Швеѓаните на домашен терен го совладаа тимот на Дидие Дешамп со 2-1, што е само втора победа за нив против Триколорите во од 2000 година па досега.
Со неколку измени во селекцијата, Франција ќе се обиде да возврати и да го одржи билансот без пораз кој трае од јуни минатата година. Французите само двапати во последните седум меча не можеа да постигнат повеќе од еден гол, а средбите против Шведска редовно завршуваат со полни мрежи на двете страни.
Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.96)